Хроника

Лажна дојава за бомба во „Кромберт и Шуберт“

Лажна дојава за бомба во „Кромберт и Шуберт“

Дојава за бомба утринава имало во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона.

Вработени го напуштиле објектот додека траеле проверките. Од МВР информираат дека станува збор за лажна дојава.

-На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава, информира МВР.

To top