На 09.04.2025 во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско.
-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта, информира МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.