Според образложението на Управата за финансиска полиција, тие сториле даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги, намерно предизвикување стечај, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на постапка за стечај и даночна измама.
Од Управата за финансиска полиција информираат дека пријавените предизвикале штета на државниот Буџет во вкупен износ од 19.447.640 денари.