Хроника

Кривични пријави за тројца насилници: Едниот ја нападнал мајка си, другите двајца партнерките

Кривични пријави за тројца насилници: Едниот ја нападнал мајка си, другите двајца партнерките

Полицијата против тројца мажи во три одвоени случаи поднесе кривични пријави.

Во првиот случај, пријава е поднесена против 29 годишен жител на струмичко Куклиш кој на 12 ноември минатата гофина по вербална расправија физички ја нападнал струмичанката М.Т. со која претходно бил во врска, информира МВР.

Тој се сомничи за сторени кривично дело „телесна повреда“.

Поради сомневање за сторено истото кривично дело, пријава е поднесена и против С.М. (48) од беровско село.

-На 28.10.2023 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга и ѝ нанел повреди, велат од МВР.

Со кривична пријава ќе се соочи и 38 годишниот М.Р. од гостиварско село. Тој се сомничи за кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“.

Како што информираат од полицијата на 23 јануари годинава, во семејната куќа, физички ја нападнал неговата 63-годишна мајка и ѝ нанел повреди.

To top