СВР Велес поднесе две кривични пријави против Л.Б.(39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 15.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени исушени растенија од видот канабис.