Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Н.(29) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство, информира МВР.
На 14.06.2024 пред маркет, пријавениот физички ги нападнал неговата поранешна вонбрачна партнерка и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди.