Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Б.(65) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 05.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и девет метри бавногоречки фитил без ознака.