Хроника СВР Тетово

Кривична пријава за гостиварец, продал еден стан на две лица

Првопријавениот – сопственик на второпријавеното правно лице, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со правно лице од Гостивар, соопшти МВР.

Кривична пријава за гостиварец, продал еден стан на две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар и против правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 27.12.2017, првопријавениот – сопственик на второпријавеното правно лице, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со правно лице од Гостивар, соопшти МВР.

Истиот стан на 27.10.2020 повторно го продал на друго лице од Гостивар, а претходниот купувач кога се обидел да влезе забележал дека е променeта бравата и дека станот е опремен за живеење.

Најнови вести од Хроника

To top