ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(54), Б.Ќ.(33) и К.Б.(39), сите од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство“.
Тие, во угостителски објект во Струга, физички а потоа и со дрвен и метален предмет, го нападнале И.И.(39) од селото Радолишта нанесувајќи му тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.