Хроника МВР

Кривична пријава против лице од скопско за криумчарење мигранти, пронајдени 10 лица мигранти од Египет

Подоцна, по пребарување на теренот, пронајдени се 10 лица мигранти од Египет, соопшти МВР.

Кривична пријава против лице од скопско за криумчарење мигранти, пронајдени 10 лица мигранти од Египет

На 10.03.2026 околу 06:00 часот во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино го лишија од слобода Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско.

Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање, но тој не застанал и по преземени мерки возилото е присилно запрено. Подоцна, по пребарување на теренот, пронајдени се 10 лица мигранти од Египет, соопшти МВР.

Mигрантите се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Додека, против возачот Р.М. е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“ и од судија на претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Најнови вести од Хроника

Теми на денот

To top