Хроника СВР Охрид

Кривична пријава против лице од Скопје: Во стан во Охрид чувал марихуана

Имено тој, неовластено набавил марихуана и семки од Cannabis, ги препакувал во помали паковки и неовластено вршел продажба со цел да се стекне со противправна имотна корист, соопшти МВР.

Кривична пријава против лице од Скопје: Во стан во Охрид чувал марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено тој, неовластено набавил марихуана и семки од Cannabis, ги препакувал во помали паковки и неовластено вршел продажба со цел да се стекне со противправна имотна корист, соопшти МВР.

При преглед во неговиот автомобил, пронајдени и одземени се 27 семки Cannabis а потоа, при претрес во неговиот апартман во Охрид, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.

Најнови вести од Хроника

To top