Хроника мвр

Кривична пријава против две лица од скопско Блаце

За лицата пости основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, информираа од МВР.

Кривична пријава против две лица од скопско Блаце

Регионалниот центар за гранични работи Север – Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Скопје поднесе кривична пријава против З.Р.(38) и Б.Н.(26), двајцата од с.Блаце, скопско.

Имено, за лицата пости основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, информираа од МВР.

На 10.02.2025 на илегален премин од Косово во нашата земја, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале пријавените, при што во возилото пронашле и одзеле разновидни пратки, кои биле нарачани преку интернет и за кои не поседувале никаква документација и за кои сакале да избегнат царинска и гранична контрола.

To top