Хроника МВР

Казнети 224 возачи за брзо возење

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Казнети 224 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

To top