Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две мерки за управување под дејство на алкокол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.