Хроника МВР

Казнети 131 возач во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Казнети 131 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.08.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

To top