На 29.06.2024 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје.
Приведен е поради тоа што околу 11:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна партнерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.