На 24.12.2023 во Полициската станица Карпош, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 15:45 часот на подрачје на Карпош одзел личен предмет од друг малолетник, исто така, од Скопје.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.