Хроника СВР Куманово

Измамен маж од Куманово: Требало да добие огревни дрва, а останал и без парите

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Измамен маж од Куманово: Требало да добие огревни дрва, а останал и без парите

На 05.01.2024 во 13:10 часот во СВР Куманово, 74-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 денари.

Според пријавеното, лицето му понудило огревно дрво и, откако се договориле, му побарало пари за да го наполни камионот со гориво за да му ги донесе, но не се вратило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top