Хроника

ИЗБЕГАЛ ОД ЗАТВОР, ПА СЕ КРИЕЛ КАЈ РОДНИНА: Полицијата го пронашла, а роднината не давал да го уапсат па се степал со еден од полицајците – сега двајцата се во затвор!

ИЗБЕГАЛ ОД ЗАТВОР, ПА СЕ КРИЕЛ КАЈ РОДНИНА: Полицијата го пронашла, а роднината не давал да го уапсат па се степал со еден од полицајците – сега двајцата се во затвор!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

На 2 мај, во куќа на улицата “Димката А. Габерот” во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот.

Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди.

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена.

To top