Хроника

ИТАЛИЈАНЕЦ ПРЕТЕПАН НА БИТ ПАЗАР – го пронашла брзата помош легнат на улица, претходно се случил вистински хаос

ИТАЛИЈАНЕЦ ПРЕТЕПАН НА БИТ ПАЗАР – го пронашла брзата помош легнат на улица, претходно се случил вистински хаос

Италијански државјанин бил најден претепан на подрачјето на Бит Пазар, информираат од скопската полиција.

Вчера (22.11.2023) во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итна медицинска помош било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар со повреди бил пронајден Ф.Р.(23) од Италија.

Според пријавеното, тој на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно влегол во нивното возило.

Како што е пријавено, при нападот тие употребиле и остар предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

To top