Хроника Апел за помош

Исчезна 14-годишната Клара, пријавете во полиција ако ја забележите

Министерството за внатрешни работи потврди дека се трага по исчезнатато девојче.

Исчезна 14-годишната Клара, пријавете во полиција ако ја забележите

Младо девојче од скопски Илинден е пријавена за исчезната и се бара со апел преку социјалните мрежи.

„Излезена е вчера во 18:00 часот во н.Илинден Со себе носи црни кратки панталони,црна блуза со натписи и црно сиви патики. Висина: 165 cm Тежина: 56 kg Очи: Кафено-Зелени, Ако некој ја забележи да пријави во најблиската станица“, стои во апелот објавен од Ивана Тасева.

Министерството за внатрешни работи потврди дека се трага по исчезнатато девојче.

„На 02.08.2024 околу 23:45 часот И. Т. (33) од н. Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К. Р. (14) се оддалечила од домот. К. Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К. Р. и И. Р. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

To top