На 15.06.2024 во Полициската станица Берово бил извршен службен разговор со А.С.(22) од беровско село, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на негови роднини и се обидел со запалива течност да предизвика пожар на нивната ограда од дворот.
За среќа, во обидот бил спречен од татко му.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.