На 02.09.2024 околу 22:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Б.И. од Скопје и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје.
Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство.
Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.