На 30.01.2026 година во 20:15 часот, во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од ПО Галате го лишиле од слобода М.М.(60) од истото село.
-Неговиот син А.М.(36), пријавил дека М.М. во алкохолизирана состојба агресивно ги малтретирал членовите на семејството и упатил директни закани по животот на својот син. Кај пријавениот е извршено алкотестирање при што се измерени 1,30 промили алкохол во крвта, информираат од СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.