На 26.07.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(40) од Велес.
Откако ги забележал полициските службеници, тој фрлил пакување со зелена трефкаста материја, која била пронајдена во негова близина. По извршениот службен разговор, тој на полициските службеници им предал и пакување со зелена трефкаста материја, која ја поседувал во неговиот дом.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поденесена соодветна пријава.