На 17.08.2024 во 17.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Козара“ во Скопје две лица фрлиле експлозивна направа, по што настанал пожар на сува трева.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото и пронашле делови од шок бомба.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.