На 14.12.2023 во 18.50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, на ул.„Ѓорѓи Абаџиев” во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лишен од слобода е С.Б.(51) од Прилеп.
-При преглед кај него, пронајдени и одземени биле 1620 парчиња пиротехнички средства, велат од МВР.
Исто така, на 14.12.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола на патот А-3 Битола -Прилеп во близина на бензинска пумпа, при преглед на Д.Т.(25) од Битола, пронајдени се пиротехнички средства.
По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.