Хроника

ФОТО: Пијан возач фатен со 3,67 промили алкохол во крвта

ФОТО: Пијан возач фатен со 3,67 промили алкохол во крвта

На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(49) од с.Режановце, кумановско.

-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информира МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

To top