Хроника царинска управа

ФОТО: На скопскиот аеродром спречен обид за шверц на часовници вредни 240.000 денари

ФОТО: На скопскиот аеродром спречен обид за шверц на часовници вредни 240.000 денари

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром во Скопје, вчера запленија осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија.

Царинска управа

-Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite, велат од Царина.

Царинска управа

Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.

To top