Хроника свр скопје

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Краделе во објекти на поранешна Железара, со огнено оружје им се заканувале на вработени

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Краделе во објекти на поранешна Железара, со огнено оружје им се заканувале на вработени

На 07.05.2025 во 01.00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско.

-По претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело. Имено, лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените, информира МВР.

Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со лицата и во содејство со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка по член 291 од Кривичниот законик.

Од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Најнови вести од Хроника

To top