Хроника Мвр

Фатени бегалци од затвор

Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.

Фатени бегалци од затвор

Денес во раните утрински часови полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.

Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ. Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.

To top