Хроника Кривична пријава

Едно лице возело мигранти низ Македонија, друго му кажувало каде има полиција

На 07.10.2025 на локалниот пат Богданци – с.Стојаково, пријавениот со патничко возило „бмв“ учествувал како претходница и телефонски известувал две лица од Радовиш и Богданци, кои со возило „ауди” превезувале 12 лица мигранти од Ирак и Сирија, за поставеноста на полициските патроли.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р.(33) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.

На 07.10.2025 на локалниот пат Богданци – с.Стојаково, пријавениот со патничко возило „бмв“ учествувал како претходница и телефонски известувал две лица од Радовиш и Богданци, кои со возило „ауди” превезувале 12 лица мигранти од Ирак и Сирија, за поставеноста на полициските патроли.

Најнови вести од Хроника

To top