Хроника Криумчарење мигранти

Државјани на Косово донеле мигранти од Сирија во Македонија

Прифатиле седум мигранти од Сирија со цел да ги превезат кон Скопје

Државјани на Косово донеле мигранти од Сирија во Македонија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Д.(20) и З.Г.(20), двајцата од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 01.11.2023, првопријавениот изнајмил патничко возило „фолксваген туарег“ со косовски национални ознаки, со кое во близина на с.Негорци прифатиле седум мигранти од Сирија со цел да ги превезат кон Скопје, но притоа биле фатени од полициски службеници.

To top