ОВР Неготино до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.С.(67) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 19.02.2026 во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите.
Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а било извршено и препознавање од оштетениот.