Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, во септември 2024 и во март 2025 година, измамил 42-годишна жена од делчевско ветувајќи дека може да ѝ изработи „амајлија“ со која ќе ги реши семејните проблеми, а за услугата во два наврати зел по 30.000 денари, со што ја оштетил за вкупно за сума од 60.000 денари.