Вчера во 11.00 часот во Полициското одделение Новаци, Ж.А. пријавил дека при работа во неговата нива во с.Рибарци, битолско, пронашoл 80 стари гранати.
За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска војна со калибар 60мм и кој безбедно ги подигнал.
Увид бил извршен, информира МВР.