СВР Велес поднесе кривична пријава против С.М.(48) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 28.10.2025 во Велес, полициски службеници го забележале пријавениот при продажба на хероин на друго лице, по што двајцата побегнале, а хероинот бил пронајден и одземен.
На 29.10.2025, С.М. бил пронајден и лишен од слобода, по што бил спроведен во Полициска станица Велес, каде што го признал делотo.