СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(36) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Пријавениот бил затекнат од полициски службеници како вршел продажба на марихуана на едно лице од Охрид.