На 29.01.2025 во 15:15 часот во Полициската станица Велес, С.И.(42) од Велес пријавила дека на улица „Лазо Осмаков“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 29.01.2025 во 19:30 часот во Полициската станица Аеродром, Т.А.(55) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 29.01.2025 во 17:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.С.(57) од Скопје пријавил дека кај Железничка станица Ѓорче Петров во Скопје бил каснат од куче скитник.