На 01.03.2024 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с.Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот.
Притоа, од здобиените повреди починал на местото на настанот, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Додека, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.