Хроника Кратово

Детали за хоророт кој ја вознемири Македонија: Мажот ја тепал и давел сопругата, па таа ги убила него и свекорот

Што претходело на ужасното двојно убиство кое ја вознемири Македонија?

Детали за хоророт кој ја вознемири Македонија: Мажот ја тепал и давел сопругата, па таа ги убила него и свекорот

Маж од Кратово ја тепал и ја давел својата сопругата. Таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко. Што претходело на ужасното двојно убиство кое ја вознемири Македонија?

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

-При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место, стои во соопштението.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.

To top