Социјалните мрежи вријат по објавата дека полициски службеник од Оддделот за организиран криминал е уапсен на граничниот премин во Косово, во меѓународна операција на македонските и косовските служби.
Според информациите на МВР, тој учествувал во работа со “мини фабрика“ за фалсификување на пари.
Многу корисници на социјалните мрежи објавуваат иста фотографија и прашуваат: „Дали е ова полицискиот службеник од Оддделот за организиран криминал уапсен на граничниот премин во Косово, во меѓународна операција на македонските и косовските служби“?
На фотографијата е во друштво на поранешниот началник на организиран криминал и личен советник на Оливер Спасовски.
Полицискиот службеник, според информациите од социјалните медиуми, се смета дека беше еден од најблиските соработници на поранешните раководители во Одделот за организиран криминал и МВР.
Според информациите, внатрешната контрола веќе влегла во неколку организациски единици во МВР и најверојатно се води истрага за тоа како најблискиот соработник на поранешниот висок полициски функционер подолг временскиот период делувал како дел од меѓународна криминална организација и дали биле користени други ресурси на Министерството во извршување на маѓународните криминална активности?!
Дали уапсениот полициски службеник со себе ќе повлече и други полициски службеници или полициски и политички функционери, ќе оставиме да одговори истрагата која се спроведува со поддшка на ЕВРОПОЛ.