На 04.03.2024 околу 09:45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.П. од Босна и Херцеговина.
Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во џамијата во гостиварско Чегране, од каде одзел пари.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.