Синоќа на полноќ во Богданци полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.Г.(52) од Богданци.
Како што соопштија од СВР Струмица, тој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка.
-Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, инфомираа од овој сектор на МВР.
Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.