На 23.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и предмети со остатоци од прашкаста материја.
А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.