Хроника СВР Штип

Битолчанец пукал со пиштол кој друго лице нелегално го поседува – полицијата ги најде во кафеана

Битолчанец пукал со пиштол кој друго лице нелегално го поседува – полицијата ги најде во кафеана

Денеска (16.06.2024) во СВР Штип бил извршен службен разговор со П.А.(32) од Битола.

По преземени мерки по претходна пријава дека на 15.06.2024 во 18:45 часот на ул.„Енгелсова“ во Штип имало пукање со пиштол, полициски службеници во угостителски објект го пронашле П.А. заедно со Д.А.(33) од Штип и кај нив бил пронајден пиштол „Екол“ калибар 9 мм., сопственост на Д.А.(33).

Исто така, по преземени мерки било утврдено дека П.А. пукал од пиштолот, кој Д.А. го поседувал без дозвола. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

To top