На 17.10.2024 во 11:30 часот во СВР Тетово бил повикан Ј.В.(43) од с. Требош, за кого постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурност“.
Приведен е по пријава добиена околу 10:30 часот од градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово, дека претходниот ден околу 23:40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина.
-По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.