СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Џ.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.11.2024 во Куманово, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
На 19.01.2025 околу 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници при СВР Скопје го привеле М.П.(37) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 околу 23:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници при СВР Скопје го привеле Љ.Ц.(65) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.