Хроника телото предадено на обдукција

Бебе почина во охридската болница, било донесено во неконтактибилна состојба

Бебе почина во охридската болница, било донесено во неконтактибилна состојба

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот.

-Бебето претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

To top