Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот- обиколница на Скопје, во близина на клучката Стајковци, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.